Неискуството ни одзеде сет против силната Русија

фото: cev.eu

Одбојкарската репрезентација на Македонија очекувано е поразена од европскиот шампион Русија со 3:0 во сетови (25:15,25:16.30:28). Одбојкарите можат да жалат што не го освоија третиот сет, како еден вид награда за пожртвуваната игра иако победникот беше однапред познат.

Европскиот шампион лесно ги реши првите два сета во своја корист, макеоднските одбојкари освоија прво 15, а потоа и 16 поени. Но, затоа во третиот сет одбојкарите покажаа дека заслужено се дел од Европското првенство во Словенија.

Постојано бевме во егал со Русите за во финишот со блокот на Ристо Николов да дојдеме до сет топка (25:24) која не ја реализиравме. Одбојкарите имаа уште една сет топка (28:27) но неискуството се покажа како клучно за поразот и во третиот сет.

Одбојкарите по три кола имаат три порази, а утрешниот одмор ќе го искористат за анализа на наредниот противник Белорусија (понеделник).

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот