1 C
Скопје

Недолични фотографии повторно кружат на интернет: „Јавна соба“ стана јавен срам

Повторно е отворена „Јавна соба“, групата на социјална мрежа на која се објавуваа експлицитни фотографии од девојки. Овој пат се отворени три групи на кои се споделуваа недоличните фотографии. Вкупно бројат повеќе од 5.000 члена, кои споделуваат фотографии, профили од социјални мрежи, лични податоци, адреси и броеви од девојки.

Минатата година на оваа мрежа беа регистрирани околу 7.000 корисници, кои си разменуваа експлицитни фотографии од девојки од Македонија, некои дури и малолетни, кога полицијата наводно ја згасна групата на платформата „Телеграм“.

Од МВР велат дека Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика презема мерки за расчистување на случајот „Јавна соба“. Оттаму повикуваат секој граѓанин што е жртва на ваква злоупотреба, да пријави во најблиската полициска станица, а МВР во координација со Обвинителството „ќе преземе соодветни мерки“.

Прочитајте и...  Хант: ЕК да ја преиспита одлуката за блокада на извозот на вакцини за Австралија

– Ќе продолжиме и со интензивните напори да се оствари и директна комуникација со платформата „Телеграм“, која досега демонстрира целосна затвореност за соработка со владите на државите од која било земја. Се разбира, ги користиме сите други активности што ни се на располагање за расчистување на овој случај – велат од МВР.

„Јавна соба“ повторно се актуализира деновиве откако беше обелоденето дека на социјалната мрежа „Телеграм“ повеќе од 5.600 членови на групата споделуваат експлицитни содржини. Првата ваква група на социјалните мрежи беше откриена пред една година, кога беа откриени околу 7.000 корисници кои си разменувале експлицитни фотографии од девојки, од кои некои и малолетни. Полицијата тогаш соопшти дека групата „Јавна соба“ по преземените мерки е згасната.

Реакција на Хелсиншки: Објава на приватни видеа на интернет со порнографска содржина е кривично дело, а ако се малолетни жртвите – детска порнографија

Повторно отворена „Јавна соба“ – групата на која се споделуваа експлицитни фотографии

ВИДЕО | Храбра Македонка го опишува пеколот откако нејзина слика се нашла во „Јавна соба“: Испаничив, се преплашив, никогаш досега не сум доживеала такво нешто

Поврзани вести

ВИДЕО I Влегоа во историја на медицината: Девет мајмуни во Зоолошка во Сан Диего примија анти-ковид вакцина

Слободен печат

Стартува кампањата за пописот под слоганот „Тука живеам, одлучувам, постојам”

Слободен печат

Хант: ЕК да ја преиспита одлуката за блокада на извозот на вакцини за Австралија

Слободен печат

За овој месец најавен старт на имунизацијата на населението: Вакцините на „Фајзер“ треба да стигнат во првиот квартал од оваа година

Слободен печат

Каналот на Трамп на Јутјуб ќе биде дозволен штом се намали ризикот од насилство

Слободен печат

Истражување во САД: За повеќето Американци, Кина е непријател или конкурент

Слободен печат

Остави Коментар