7.1 C
Скопје

Не оди сѐ така мазно во обесштетувањето од Еуростандард банка

За десетина дена ќе се знае колкава сума им е исплатена на штедачите на Еуростандард банка за старт. Таков е договорот меѓу банките и Фондот за осигурување депозити, но, судејќи според редиците во вторникот, граѓаните гледаат што побрзо да си ги подигнат заштедите. Половината од штедните влогови во банката се депозити од 600 до 1.000 денари. Во банката имало повеќе од 136 илјади штедачи, а просекот на влоговите се движи околу 500 евра, иако има и повисоки суми.

Првиот ден од обесштетувањето главно помина без поголеми проблеми, иако добар дел од оние што чекаа, негираа дека се дојдени за исплата. Оние похрабрите велат дека „чекаат за ситни пари, ама и тие не сакаат да ги остават на сметките“. Освен техничките проблеми со имињата, дел од граѓаните реагираа дека не успеале да ги подигнат парите од плата, пензија, социјална помош. Од Фондот за осигурување депозити, објаснија дека такви случаи се можни ако врз сметката имало претходна блокада од извршител. Во таква ситуација, извршителот треба да ја тргне блокадата. Проблеми имало и со полномоштвата. Имено, првично договореното дека треба да важи полномошното од Еуростандард банка, сега не важи. Па, така, штедачите што нема лично да се појават на шалтерите на банките исплатувачи, ќе мора да вадат нови овластувања, бидејќи немало законска основа. Граѓаните се револтирани и сметаат дека сето ова се прави намерно за да им се оневозможи пристап до заробените средства.

Прочитајте и...  Во ковид центрите во Скопје за 24 часа хоспитализирани 20 пациенти, вкупно се лекуваaт 274 болни

– Има големи проблеми во обесштетувањето на штедачите на Еуростандард банка, кои имаат овластено лице, а за кои ФОД гарантираше дека нема да има проблеми и дека тие лица ќе може да функционираат и без дополнителни полномоштва. Сега, банките не ги обесштетуваат штедачите што имале овластени лица (а во потврдите кои ги поседуваат е наведено дури и овластеното лице), даваат сопствено полномошно на банката, а тоа предизвикува еден куп компликации, особено кај штедачите кои престојуваат во странство! Ги тераат овластените лица да го праќаат банкарското полномошно во странство. Дали лицето носител кое е во странство, со тоа полномошно треба да оди во амбасада и таму да го потпише?! Тоа се огромни компликации и дополнителен финансиски товар на штедачите. Особено во овој период кога има рестрикции, кога пратките патуваат со месеци, кога сите работаат со протоколи, замислете некој што живее во град со десетици километри оддалечен од град каде што има амбасада, да напушта работа, па дали работи амбасадата и во кои термини – пишува штедач, кој се обрати до „Слободен печат“. 

Прочитајте и...  Џо Бајден во зимата на закани и можности

Овој граѓанин се обратил и до ФОД и оттаму му потврдиле дека се запознаени со проблемот, но дека не се работи за некакво самоволие на банките, туку за почитување на законските прописи, поконкретно Законот за платен промет.

Во наредните 36 месеци, треба да се обештетат повеќе од 136.000 лица – штедачи со сметки под 30 илјади евра, како и оние кои имале заробени пари на сметките од плати, пензии, социјална помош. И 780-те штедачи со влогови над 30.000 евра ќе ја добијат загарантирана сума, а остатокот, преку стечајната постапка. Обесштетувањето ќе се одвива преку Комерцијална, Стопанска Скопје, НЛБ Банка и Халкбанка.

Стечајниот управник на Еуростандард банка, Душко Тодевски, соопшти дека се раскинати сите договори за закуп на деловен простор, во кои биле експозитурите на банката, а целиот имот и документација се заштитени и се на сигурно.

Прочитајте и...  Гир: Сакам да испратам силна порака дека европската перспектива на Северна Македонија е јасна и неспорна

Поврзани вести

Џо Бајден во зимата на закани и можности

Едвард Лус/Financial Times

ПАНИКА ВО БЕРЛИН: Цела болница во карантин поради британскиот тип на коронавирус

Слободен печат

Со „БМВ“ влетал во кабина на патарина и усмртил работник

Слободен печат

Министерство за здравство: Не постои илегална вакцинација, опозициската партија шири лажни вести

Слободен печат

Приведен 46-годишен маж од Прилеп поради обљуба на малолетничка

Слободен печат

Категорично ги отфрламе невистините дека придавката „македонски” се заменува со уставното име, велат од Комисијата

МИА

Остави Коментар