Не е фудбалски трансфер: Стерлинг пред потпис од 100 милиони фунти!?

EPA-EFE/FRIEDEMANN VOGEL

Фудбалерот на Манчестер сити би можел наскоро да биде ново заштитно лице на реномиран производител на спортска опрема.

Пандемијата на коронавирус која ги запре скоро сите спортски натпреварувања, очигледно не се чувствува во фудбалската економија според која ситуацијата како да си е најнормална.

Од тој аспект англиските медиуми пишуваат дека напаѓачот на Манчестер сити, Рахим Стерлинг е пред нов спонзорски договор кој може да му донесе големо богаство, покрај тоа што веќе го стекнува само од играњето на фудбалот.

Го чека потпис од 100 милиони фунти (112 милиони евра) со реномираниот производител на спортска опрема „Пума“, која воедно е и спонзор и снабдувач на опрема за Манчестер сити.

Стерлинг веќе има еден таков договор, но со „Најк“, и истиот истекува на 30 јуни, а покрај „Пума“ која има најголеми шанси да го обезбеди потписот на Стерлинг и го постави како заштитно лице, во игра се и „Њу Баланс“, „Адидас“ и „Андер Армор“.

Со „граѓаните“ ова лево крило има договор до 30 јуни 2023 година и моментно според „Трансфермаркт“ вреди 128 милиони евра.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот