НБА, плеј-оф: Нов триумф на Милвоки во серијата против Орландо! (ВИДЕО)

фото: твитер

Во четвртиот натпревар од првата рунда во НБА плеј-офот екипата на Милвоки Бакс со 121:106 триумфираше над Орландо Меџик за предност од 3:1 во серијата. Петтиот меч ќе се игра в среда од 22.00 часот.

„Магичните“ не се предаваа така лесно, пред последните 12 минути имаа само „минус“ три против едни од фаворитите за титулата оваа сезона.

Но, потоа блесна Крис Мидлтон кој беше незапирлив и со серија од 18:3, Милвоки дојде на високи +17 позитива, по што беа решени сите дилеми околу победникот.

Значајна улога во победничкиот клуб имаше Јанис Адетокумпо, кој мечот го заврши со 31 поен, 14 скока и осум асистенции. Го следеше Мидлтон со „дабл-дабл“ учинок од 21 поен и 10 скока.

Повторно најдобар во редовите на Орландо беше Никола Вучевиќ, црногорскиот центар запиша 31 поен, додаде 11 скока и седум асистенции.

Втор стрелец беше Теренс Рос со 19 поени, зад него на листата стрелци се најдоа Маркел Фулц со 15 поени поени, по 12 имаа Иван Фурније и Гери Кларк.

Победникот од дуелот Милвоки-Орландо (1:3) во конференциското полуфинале на Истокот ќе се сретна со подобриот од пресметката Индијана-Мајами (0:3). Во оваа конференција веќе е комплетирана првата полуфинална двојка, Бостон ќе ги одмери силите против Торонто.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот