НБА ги одреди финалистите за МВП наградата, Јокиќ фаворит

Фото: EPA-EFE/ERIK S. LESSER

Никола Јокиќ, Џоел Ембид и Стеф Кари се кандидати за МВП наградата во регуларниот дел од сезоната, потврди НБА лигата.

Јокиќ се смета за главен фаворит за ова признаение, центарот на Денвер ги одигра сите 72 натпревари во регуларниот дел од сезоната и просечно бележеше по 26.4 поени, 10.8 скокови и 8.3 асистенции по натпревари.
Центарот на Филаделфија сезоната ја заврши со просек од 28.5 поени и 10.6 скокови по натпревар но пропушти добар дел од сезоната поради повреда,
Стеф Кари во дресот на Голден Стејт просечно постигнуваше по 32 поени, 5.5. скокови и 5.8 асистенции.


Во конкуренција за дебитант на годината се Ламело Бол од Шарлот, Ентони Едвардс од Минесота и играчот на Сакраменто Тајриз Халибартон.
Номинирани за најдобар одбранбен играч се Руди Гобер од Јута, Дрејмонд Грин од Голден Стејт и крилото на Филаделфија, Бен Симонс.
Кандидати за наградата играч со најголем напредок се Џереми Грант (Детроит), Мајкл Портер (Денвер) и Џулиус Рендл (Њујорк).
Во најтесниот круг за најдобар шести играч останаа Џордан Кларксон од Јута, Џо Инглс од Јута и Дерик Роуз од Њујорк.
За наградата тренер на годината номинирани се Квин Снајдер од Јута, Том Тибодо од Њујорк и Монти Вилијамс од Феникс.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот