Навивач на Нант до смрт избоден пред дербито во Лига 1

Фото: EPA-EFE/CHRISTOPHE PETIT TESSON

Навивач на француски Нант вчера бил убиен во судир со навивачите на Ница пред натпреварот на овие две екипи во француското првенство.

Раководството на Нант објавило дека еден нивни навивач бил избоден повеќе пати, а докторите иако интервенирале сепак не успеале да го спасат неговиот живот. Францускиот весник „Л’Екип“ пренесува дека тој бил член на бригатата Лоара злогласната навивачка група која ги собира најжестоките навивачи.

Навивачот имал 31 година, а бил избоден од зад грб. Според некои медиуми, убиецот прво побегнал, за потоа сам да се пријави во полициска станица. Натпреварот заврши со победа на Нант од 1:0 кој така остана на осмата позиција на табелата, Ница е второпласирана.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот