Навивач на Менхенгладбах загуби пари на квиз бидејќи не сакаше да го спомне името на најомразениот клуб (ВИДЕО)

Неверојатна приказна доаѓа од Германија каде еден човек одлучи да остане без добра добивка отколку да го спомне „забранетото“ име.

Убаво е да се победи на квиз кој се емитува на национална телевизија, но ривалството во фудбалот во многу случаи е поважно од парите и славата. Така барем смета Клаус Блумел, кој се натпреваруваше во квизот Потера кој се прикажува на АРД, германска национална телевизија, па случката ја виде цела Германија.

Блумел кој е голем навивач на Борусија Менхенгладбах собираше пати одговорајќи на прашањата, а потоа дојде едно за него лесно прашање.

„Кој клуб стана шампион во втората лига во сеозната 2018/19?“, водителот го прочита прашањето, по што Блумел молчеше и потоа рече „Нема да го изговорам тоа име“.


Станува збор за екипата на Келн која е најомразен ривал на навивачите на Менхенгладбах.

На крајот Клаус Бумел од квизот си замина побогат за 2.500 евра, но и со статус на легенда помеѓу навивачите на Борусија Менхегладбах.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот