Навални се јави од болничката постела: Можев да дишам цел еден ден (ФОТО)
Рускиот опозиционер Алексеј Навални објави денеска преку Инстаграм порака и своја фотографија наведувајќи дека можел да дише без респиратор цел еден ден, и тоа е негово прво огласување преку таа мрежа од труењето кон крајот на август, објави Бета.
Препорачано
„Речиси ништо се уште не можам да правам, но вчера (понеделник) можев сам да дишам цел еден ден“, напиша Навални на својот Инстаграм профил, објавувајќи покрај пораката своја фотографија со отворени очи како седи на болничкиот кревет во друштво на сопругата.
Навални кој ја обелодени корупцијата во врвот на Русија е примен во болницата во Омск на 20 август каде е реанимиран откако претрпел страотни болки за време на летот Москва-Томск.
Тој два дена подоцна е пренесен во Германија каде лекарите заклучиле дека е отруен со нервен агенс „новичок“, кој потекнува од советската ера.

Руските власти во неколку наврати демантираа вмешаност во тој случај.
Лавров за случајот со Навални: Нашите западни партнери ги минаа сите граници на здравиот разум
Германската болница Шарите каде се лекува Навални соопшти вчера дека неговата здравствена состојба се подобрува, дека повремено може да станува од креветот и дека би можел целосно да биде искучен од апаратот за вештачко дишење.
Навални жртва на труење: Што претставува новичок и како функционира?


