Навални е отпуштен од болница

Алексеј Навални
Алексеј Навални / Фото: EPA-EFE/SERGEI ILNITSKY

Рускиот опозициски лидер Алексеј Навални е отпуштен од болница, соопшти денеска берлинската болница Шарите во која се лечеше откако, како што тврдат германските функционери, тој беше отруен со нервниот агенс Новичок.

Во соопштението се наведува дека неговото здравје е подобрено, но дека последиците од труењето се уште не можат да се проценат.

На Навални му се слоши за време на летот од Сибир за Москва, откако авионот принудно слета во Томск, а на 20-ти август беше префрлен на лечење во Германија.

Навални се јави од болничката постела: Можев да дишам цел еден ден (ФОТО)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот