Научниците објаснија како Мајкл Џексон успеа да го направи неговиот најлегендарен потег! (ВИДЕО)

Profimedia
Profimedia

Единствениот Мајкл Џексон, кралот на поп-музиката, беше музичар набљудуван ширум светот, особено секој негов танцувачки потег. Мајкл беше неверојатно вешт танчер и во повеќето свои спотови е дел од кореографијата. Во низата мистерии кои го пратеа, особено неразјаснета беше онаа на неговиот славен потег, наведнувањето во спотот на „Smooth Criminal“. Магнети во чевлите, конопи со кои го придржувале, се само дел од можните објаснувања.

Youtube/Printscreen

Но, неврохирурзите сега детално објаснија како можел да го направи невозможното и да го изведе потегот кој биомеханички е невозможен. Во спотот од 1987 година, Мајкл Џексон се наведнува под агол од 45 степени и тоа од глуждовите, додека цело време телото го држи право како стап. Илузијата која многумина се обидоа да ја направат (најчесто неуспешно), Џексон ја извел благодарение на посебни чевли и на неговата сила. Стручњаците ги предупредуваат другите да не се обидат да го направат овој потег дома, за да не се повредат случајно.

„Многумина истренирани танчери со добра сила на средишниот дел од телото ќе може да се наведнат максимално 20 до 30 степени нанапред. Мајкл Џексон тоа успеа да го направи под агол од 45 степени и така направи нешто всушност неверојатно“, рече Манјул Трипатхи кој во соработка со колегите од институтот за медицинска едукација и истражување во Чандиграху, Индија, работел на ова, пишува BBC.

Затоа, наведнувањето е лимитирано, па дури и во случај кога некој би бил со слични атлетски можности како Кралот на поп-музиката. Додатните степени на наведнување и флексибилност него му ги овозможува големата облека. V обликуван дел на дното на секоја пета од неговите чевли има  посебен дел кој го држи сврсто на земја и му овозможува да се наведне нанапред, поради тежината која ѝ пркоси на гравитацијата. Пред да ги пронајде таквите чевли, илузијата ја изведувал со помош на коноп замотан околу рамената и неговиот струк. Идејата стигнала и до американските астронаути, поточно нивните чизми, кои можат да се прицврстат на фиксирана линија додека работат во простор без гравитација.

Шансите за повреда на глуждовите се огромни. Потребна ви е многу добра сила на стомачните мускули и потпора на глуждовите. Не е толку лесен трик, велат.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот