Научници од САД: Топлото и влажно време нема да го уништи коронавирусот, но ќе го забави неговото ширење

Фото: Профимедиа

Најновата струдија на научниците од американскиот универзитет МИТ (Massachusetts Institute of Technology) потврдува дека топлото и влажно време би можело да придонесе за успорување на ширењето на коронавирусот.

Станува збор за второ истражување кое ја потврдува оваа теза, откако кинеските научници објавија дека повисоките температури не се погодни за ширење на Ковид-19.

Касим Букари и Јусуф Џамил од МИТ анализирале случаи на коронавирусот ширум светот и заклучиле дека поголемиот број на случаи на заразени до 22 март се случиле во региони со температури меѓу три и 17 степени Целзиусови, како и влажност од 4 до 9 грама водена пареа по кубен метар.

Во земјите во кои просечната температура е над 18 степени и во кои влажноста е поголема од 9 грами на метар кубен, вкупниот број на забележани случаи се 6 отсто од вкупниот број во светот.

– Ова укажува на тоа дека ширењето на Ковид-19 веројатно е помалку често во топлите и влажни подрачја – напоменуваат научниците.

„На местата каде температурите биле пониски, бројот на случаи на Ковид-19 почна брзо да се зголемува. Тоа особено се забележува во Европа“, изјави за „Њујорк тајмс“ Касим Букари.

Научниците напоменуваат дека посебно важна улога има влагата на воздухот. Азиските земји кои се соочуваат со монсуни би можеле особено да забележат успорување на ширење на Ковид-19 бидејќи апсолутната влага тогаш е над 10 грама по кубен метар, напоменуваат Касим Букари и Јусуф Џамил.

Сепак, научниците напоменуваат дека потоплото и влажно време нема да го елиминира коронавирусот, но ќе помогне во успорување на неговото ширење.

– Неразумно е да се каже во овој момент дека вирусот ќе исчезне кога ќе дојде летото – рече др. Вилијам Шафнер од Универзитетот во Тенеси.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот