Научниците зачудени: Африка успеа да избегне ковид катастрофа

Африка ковид
Луѓе чекаат да се вакцинираат во Африка/ Фото EPA-EFE/Kim Ludbrook

Претходно оваа недела, Зимбабве забележа само 33 нови случаи на ковид-19 и нула смртни случаи, во согласност со неодамнешниот пад на болеста низ целиот континент, каде што податоците на Светската здравствена организација покажуваат дека инфекциите се намалуваат уште од јули.

Минатата недела, на еден прометен пазар во сиромашно место надвор од Хараре, Зимбабве, Нјаша Нду ја чувал својата маска во џебот, додека стотици други луѓе, главно без маски, се туркале за да купат и продадат овошје и зеленчук. Како и во поголемиот дел од Зимбабве, и овде коронавирусот веќе е дел од минатото, бидејќи веќе се вратени разните собири, концерти и јавни настани, пишува АП во својата репортажа.

Ковид-19 исчезна, кога последен пат слушнавте за некој што починал од ковид-19? Маската е за да го заштити мојот џеб. Полицијата бара мито, ќе загубам пари ако не се движам со маска вели Нду.

СЗО: Се намалува ширењето на ковид-19 во Африка

Претходно оваа недела, Зимбабве забележа само 33 нови случаи на ковид-19 и нула смртни случаи, во согласност со неодамнешниот пад на болеста низ целиот континент, каде што податоците на Светската здравствена организација покажуваат дека инфекциите се намалуваат уште од јули.

Кога коронавирусот првпат се појави минатата година, здравствените власти стравуваа дека пандемијата ќе ја зафати Африка, убивајќи милиони. Иако сè уште не е јасно колкав ќе биде конечниот биланс на ковид 19 на тој континент, тоа катастрофално сценарио допрва треба да се материјализира во Зимбабве или во поголемиот дел од Африка.

Научниците нагласуваат дека добивањето точни податоци за ковид-19, особено во африканските земји со необичен надзор, е исклучително тешко и предупредуваат дека опаѓачките трендови на коронавирус може лесно да се сменат.

Вакцинација во Африка
Вакцинација во Африка/ Фото EPA-EFE/NIC BOTHMA

Големата мистерија

Но, има нешто „мистериозно“ што се случува во Африка што ги збунува научниците, смета Вафа Ел-Садр, претседател за глобално здравје на Универзитетот Колумбија.

Африка ги нема вакцините и ресурсите за борба против ковид-19 што ги имаат во Европа и САД, но некако се чини дека им оди подобро рече таа.

Помалку од 6% од луѓето во Африка се вакцинирани. СЗО со месеци ја опишува Африка како „еден од најмалку погодените региони во светот“ во своите неделни извештаи за пандемијата.

Кај младите е разликата?

Некои истражувачи велат дека помладата популација на континентот е доста различна од младата популација во Европа, САД и Австралија. Младите во Африка не го живеат истиот живот како и остатаните во светот. Стапката на урбанизација и тенденцијата да го поминуваат своето време надвор е многу пониска,  што можеби е фактор за помалите стапки на инфекција и посмртоносните ефекти на коронавирусот на континентот досега. Неколку студии испитуваат дали може да има и други објаснувања, вклучително и генетските причини или пак посилен имунитет поради старите инфекции со паразитските болести.

Истражувачи кои работат во Уганда тврдат дека откриле нешто невообичаено. Кај пациентите со ковид-19 со високи стапки на изложеност на маларија, има помала веројатност дека тие ќе страдаат од тешка болест или смрт, отколку луѓето кои немале никаква поврзаност со болеста.

Ние влеговме во овој проект мислејќи дека ќе видиме поголема стапка на негативни исходи кај луѓето со историја на инфекции со маларија, бидејќи тоа е она што беше забележано кај пациенти кои се ко-инфицирани со маларија и ебола. Всушност бевме прилично изненадени кога го видовме спротивното – дека маларијата може да има заштитен ефект, рече Џејн Ачан, виш советник за истражување на Конзорциум за маларија и коавтор на студијата.

Во изминатите месеци, коронавирусот ја потресе Јужна Африка и се проценува дека таму уби повеќе од 89.000 луѓе, убедливо најмногу смртни случаи на континентот. Но, засега, африканските власти, иако признаваат дека може да има празнини, не пријавуваат огромен број неочекувани смртни случаи кои би можеле да бидат поврзани со ковид.

Училиште во Африка
Ученици во Африка за време на ковид/ Фото EPA-EFE/KIM LUDBROOK

Три отсто од смртните случаи од ковид во светот се од Африка

Податоците на СЗО покажуваат дека смртните случаи во Африка сочинуваат само 3% од глобалниот вкупен број. За споредба, смртните случаи во Америка и Европа сочинуваат 46% и 29%.

Во Нигерија, најнаселената земја во Африка, владата досега забележала скоро 3,000 смртни случаи од 200 милиони жители. Во САД евидентираат волку смртни случаи на секои два или три дена.

Влијанието на коронавирусот, исто така, е релативно пригушено во сиромашните земји како Авганистан, каде експертите предвидуваат дека бројките на заразени од коронавирусот се катастрофални, но поради политичките конфликти, невозможно е тие да се следат.

Ковид Африка
Луѓе чекаат да се вакцинираат во Африка/ Фото EPA-EFE/Kim Ludbrook

Со месеци никој не носи маска

Хашмат Арифи, 23-годишен студент во Кабул, вели дека со месеци не видел некој да носи маска. На неговите предавања на факултет, повеќе од 20 студенти рутински седат без маски во мали простории.

Не сум чул за ниту еден случај на коронавирусот во последно време, вели Арифи.

Досега, Авганистан има регистрирано околу 7.200 смртни случаи меѓу своите 39 милиони луѓе, иако во таа земја има многу малку направени тестирања.

Во Зимбабве, лекарите се благодарни поради малите инфекции од ковид-19 – но се плашат дека тоа е само привремено.

Луѓето треба да останат многу внимателни, предупреди д-р Јоханес Мариса, претседател на Здружението на медицински и стоматолошки приватни лекари на Зимбабве.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот