Научниците комбинирале органоиди од бубрег со свински органи и извршиле трансплантација
– Меѓународен тим истражувачи, предводен од шпански научници, за прв пат создаде органоиди од човечки бубрег, ги комбинираше со свински бубрези, а потоа успешно ги трансплантираше во телото на животното, објавија денес шпанските медиуми.
Препорачано
Брубрежните органоиди имаат тродимензионална структура, но се со големина само неколку микрометри и се создаваат во лабораторија од човечки матични клетки, па иако не се целосни органи, тие ја репродуцираат структурата и главните функции на бубрегот, објавува агенцијата Efe.
Тие им овозможуваат на научниците да го проучуваат развојот на бубрезите, да тестираат нови лекови и во иднина, евентуално да ги користат за лекување на оштетено ткиво на бубрезите или подобрување на органите наменети за трансплантација.
Во трансплантацијата, предводена од Институтот за биоинженерство на Каталонија, во соработка со Институтот за биомедицински истражувања на А Коруња, како и Националната организација за трансплантација и Здравствениот институт Карлос III, учествуваа бројни истражувачки центри од неколку земји, објави Танјуг.
Студијата ја водеше научничката Нурија Монсерат, која изјави дека станува збор за пресвртница во областа на регенеративната и персонализираната медицина, бидејќи ги поставува темелите за употреба на органоиди од бубрезите во клеточната терапија за време на клиничките испитувања, објави Ефе.


