НАТО закажа специјален состанок со Русија за состојбата со Украина

НАТО, Брисел / Фото: Архива

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, закажа специјален состанок на сојузничките амбасадори и највисоките руски претставници за следната недела, бидејќи двете страни бараат дијалог за да се спречи отворен конфликт околу Украина, пишува Ројтерс.

Загрижени за военото трупање на Русија долж границата со Украина, западната воена алијанса со месеци бара состанок со Русија, но тие планови се отежнаа по спорот за шпионажата во октомври.

Состанокот на Советот, формат кој се користи за дијалог од 2002 година, ќе се одржи во Брисел на 12 јануари, откако американските и руските претставници ќе одржат безбедносни разговори на 10 јануари во Женева.

Највисокиот дипломат на Европската унија, Жозеп Борел, денеска отпатува за Украина на дводневна посета за да покаже поддршка за Киев, кој се стреми да се приклучи на блокот и НАТО.

Москва сака гаранции дека НАТО ќе го запре ширењето на истокот и ќе ја прекине воената соработка со Украина и Грузија, кои имаат територијални спорови со Русија.

Москва, исто така, ги негира тврдењата на САД дека планира инвазија на Украина и го обвинува Киев за изградба на сопствени сили на истокот на земјата.

„Секој дијалог со Русија ќе мора да продолжи врз основа на реципроцитет, да се осврне на загриженоста на НАТО за дејствијата на Русија и да се одвива во консултација со европските партнери на НАТО“, рече претставникот на НАТО.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот