Димче Мешковски / Фото: Скриншот/Јутјуб

Наташа Мешковска носталгична по татко ѝ Димче, му оддаде почит на посебен начин

Наташа Мешковска носталгично се присети на својот татко, големиот актер Димче Мешковски, кој почина на 20 март 2023 година.

Поранешната пливачка шампионка дојде на големиот јубилеј – 80 години Драмски театар Скопје, не само како поддржувач на уметноста, туку и како горда ќерка која го носи наследството на еден од столбовите на Драмски – великанот Димче Мешковски.

„Солунски патрдии“ и „Викенд на мртовци“ се само дел од антологиските претстави кои го дефинираа македонското глумиште, а во нив играше токму Димче Мешковски.

Мешковска се фотографираше со Јелена Жугиќ, која и денес е дел од актерскиот ансамбл на Драмски.

Фото: Драмски театар

Димче Мешковски почина во Лос Анџелес, каде што живееше последните години. Во една прилика, во интервју за „Женски магазин“, рече дека тамошната медицина е напредна и му помага со здравствените предизвици.

„Мислам дека ќе ни требаат три интервјуа за да ви раскажам за моите болести. Имам четири бајпаса, имам проблем со колкот кој ми е два пати опериран, потоа паднав од велосипед, па скршив коска на бутот и сега сум инвалид од колкот. Оперирав паратироидна жлезда, опасен некој тумор беше. Па, имам преживеано мозочен удар, тежок артритис, витилиго, одам на дијализа, ми откажаа бубрезите. Оперирав и хранопроводник и така уште неколку болести, не можам сега сите да ги набројувам“, изјави легендарниот актер и додаде:

„Многу работи ми фалат од Скопје. Прво, ваквото дружење, ваквата комуникација со луѓе ги немам таму. Потоа ми фали театарот, театрите таму се полуаматерски, не се доходовни. Во Америка водечка индустрија е филмот, првата уметност. Бев во Лос Анџелес да го гледам ‘Ослободување на Скопје’. Бев изненаден, само ние и уште една фамилија од Македонија беа на премиерата. Имаше Срби, Хрвати, Американци во публика, а наши, Македонци најмалку. Ми беше криво што е тоа така. Главно збиралиште на нашите таму е една црква во Лос Анџелес, и тоа е сè. Изгледав неколку добри мјузикли, но вакви, класични претстави имаше две-три, но беа многу сиромашни“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот