Наследничката на Синди Крафорд: Заводливата Каја Гербер во новата кампања на „Келвин Клајн“

Instagram

Ќерката на супермоделот Синди Крафорд, успешно ги следи стапките на нејзината славна мајка. Каја Гербер моментално станува вистинска сензанција во светот на модата…

Моделот ги заинтригира своите бројни обожаватели и пријатели на социјалните мрежи откако објави црно-бела фотографија на која позира облечена во долна облека од брендот „Келвин Клајн“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Kaia (@kaiagerber)

Имено, се работи за прва колекција на парчиња „Келвин Клајн“ од дизајнерот Херон Престон. Американската модна куќа ја опишува својата линија за пролет и лето 2021 година како „колекција за вистински луѓе“, со цени од 36 до 298 американски долари.

Каја, која може да се пофали со дури 7,2 милиони следбеници на социјалните мрежи – гордо објави фотографија составена од десет фотографии на кои позира во гаќи, градник и спортски бели чорапи, во малку ретро издание.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Calvin Klein (@calvinklein)

Ќерката на супермоделот Синди Крафорд, сега 19-годишната Каја, дебитираше како модел на само 16 години и тоа токму со колекција на брендот „Келвин Клајн“, која тогаш ја дизајнираше Раф Симонс.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Kaia (@kaiagerber)

Неколку дена пред тоа, таа на својот инстаграм-профил објави фотографија каде позира во зелени гаќи и градник, во друштво на златниот ретривер Лејла.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Kaia (@kaiagerber)

Каја е во врска со австралискиот актер Џејкоб Елорди од минатата есен, а на почетокот на минатиот месец тој ја претстави својата кампања за Калвин Клајн, снимена од Марио Соренти.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот