Насилство во приватно училиште во Скопје: Наставничка тепала ученичка со тврд предмет

Фото: Profimedia

Ученичка во скопско приватно основно училиште била нападната од наставничка во училиштето, која употребила и тврд предмет, соопшти полицијата.

Како што се наведува во полицискиот билтен, во полициската станица Карпош, М.Д.(46) од Скопје пријавил дека во средата во 10:30 часот во приватно основно училиште во Скопје неговата малолетна ќерка била физички нападната од нејзина наставничка, која употребила и тврд предмет.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот, додаваат од МВР.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот