Насилници крвнички претепале малолетник

Инцидентот се случил во четвртокот околу осум часот навечер, кога, според очевидци, четворица млади момчиња нападнале 14-годишно момче. Очевидец вели дека еден од напаѓачите имал боксер со кој го удирал момчето.

Хрватската полиција уапси неколку млади момчиња осомничени дека претепале малолетник (14) во Задар. Во тек е полициска истрага, а нападнатиот тинејџер се наоѓа во болницата во Задар.

„Кај младиот човек беа констатирани полесни телесни повреди со можност за преквалификација во посериозни“, изјавија кратко од полицијата.

Инцидентот се случил во четвртокот околу осум часот навечер, кога, според очевидци, четворица млади момчиња нападнале 14-годишно момче. Очевидец вели дека еден од напаѓачите имал боксер со кој го удирал момчето.

– Кога ги видов четворицата како го тепаат, не ми се веруваше дека тоа се случува. Јас го запрев автомобилот и почнав да им викам. Кога ме видоа, побегнаа. Момчето што го претепаа беше на возраст од 14 или 15 години и 4 0кила. Не можев да поверувам, таква суровост, такво насилство … Тоа се деца Лежеше неподвижен, не го оставив да се онесвести Рече дека овие момчиња веќе му се заканувале, а ми кажа имина на некои од нив. Имаше болки во грбот како да му е повреден рбетот. Прашањето е што му направија – изјави очевидец за„ Задарски.хр “.

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот