Фото: илустрација / Слободен печат / Ж. Настоски

Насилници кои можат да му бидат внуци нападнале пензионер од Тетово, пробал да бега и се повредил

29-годишен тетовчанец е уапсен синоќа откако бил пријавен дека заедно со уште неколкумина напаѓачи, му се заканувале на 73-годишен сограѓанин, а кога тој се обидел да избега, паднал и тешко се повредил, соопшти полицијата.

„На 03.11.2025 во 23:45 часот на ул.„29 Ноември“ во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово го лишија од слобода Н.К.(29) од Тетово, постапувајќи по претходна пријава дека околу 21:30 часот во населба „Деребој“ во Тетово заедно уште неколку лица со тврди предмети се заканувале на К.Ц.(73) од Тетово, кој се обидел да им побегне при што паднал и се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Клиничка болница Тетово. Н.К. е задржан во полициска станица и се работи на идентификување на другите лица, по што, по документирање на случајот против нив ќе следува соодветна пријава“, велат од МВР.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот