Нашиот познат пејач, композитор и продуцент денеска слави 47 години: Среќен роденден Александар Митевски
Александар Митевски е роден во Скопје на 27 јануари 1978 година. Тој е македонски пејач на забавна музика, композитор и продуцент. За првпат се појавил на македонската сцена како тинејџер во 1993 година кога со рап бендот „Океј Бенд“ учествува на „Рап енд Рол фестивал“ во организација на ревијата „Екран“.
Препорачано
Во 1995 година започнал своја соло кариера и како деби сингл ја пишува и издава баладата „Матадор“ во срцето. За првпат во 1996 година се појавува на фестивалите како автор, кога на штипскиот Макфест неговата песна „Виолина и гитара“ во изведба на Дуле и Коки ја освоила првата награда од публиката, а тој е автор на текстот.
Во 1997 за прв пат настапи на Макфест со песната „15 до 2“ и истата таа година во издание на Макфест од Штип се појавува и неговата деби-касета.
Паралелно со музиката Александар бил на студии по новинарство, а работел и во емисијата на МРТВ — „Розови очила“. Беше радиоводител и дел од тимот на популарното радио „Антена5“. Поголем успех и поголема медиумска експонираност имаат песните кои следуваат, Писмо (за која е направен и ремикс) како и 100% фанки, Латино ЦД.
Во 1999 го отвори своето прво студио во АХА и ја сними баладата Срце тетовирано во дует со познатиот стопанственик Трифун Костовски. Паралелно со работа на својот втор проект, тој пишувал песни и компонирал и за други изведувачи и групи, од кои се издвојуваат: Угро, Каролина Гочева, Дарио, Биба Додева, Тамара, Нови дечки и др.
Го издава албумот „Диско“ во септември 2001, а во декември 2002 година, во друштво со Дарио и Угро е реализирана новогодишната тема „Еднаш човек живее“.
Во 2002 година ја напишал спортската химна наменета за ракометниот клуб Кометал, „Кометал шампионе“ која ги бодреше ракометарките и беше широко прифатена. Во 2005 година ја пишува песната за Град Скопје, „Мојот град“, која беше проследена со одличен видеозапис од Чедо Поповски. Во 2006 година го издава својот последен студиски албум „Кирилица“ на кои се сместени хитовите „Душа Калдрма“, „Кирилица“ и многу други.
2007 година ја снима баладата „Кинески Ѕид“, а последна негова снимена песна е „За век и векови“ од летото 2009 година на која му гостуваат многу градски ликови и пријатели. Тој го продуцира албумот со инструментални обработки на Зоран Џорлев – „Не кажувај либе“ во 2009 година.
Добитник е на повеќе награди „Златна Бубамара на Популарноста“ за најдобри радиски реклами, а последната ја доби за албумот на Џорлев. На 10 ноември 2007 неговата авторска композиција-химна „Македонија навива за вас“ која ја отпеа легендарниот Тоше Проески, беше прогласена за македонска официјална спортска химна, кратко по трагичната смрт на македонскиот миленик. Митевски во 2011 со помош на Фондацијата Тоше Проески ја продуцираше обработката на Тоше на „Can you feel the love tonight“ заедно со Зоран Џорлев и хорот „Златно Славејче“.
Како дипломиран новинар од 2000 до 2010 работеше во забавната рубрика на Утрински весник, а сега е дел од тимот на Дневник 2 со своите колумни, рецензии и музички коментари.
Денес заедно со Драган Спасов Дац настапуваат во клубовит е низ Македонија, познати како дуетот „Александар и Дац“.


