НАСА | Роверот на Марс ќе го земе првиот примерок: „Ние сме на прагот на новата ера на планетарна наука и откривање“

марс ровер наса
ФОТО: Твитер

„НАСА“ ги прави последните подготовки за роверот „Perseverance Mars“ да го собере својот прв примерок на карпа од Марс, кој идните планирани мисии ќе ги пренесат на Земјата. Геологот со шест тркала е во потрага по научно-интересна цел во делот на кратерот „Jezero“. Оваа важна мисијата се очекува да започне во следните две недели. Роверот слетал во кратерот „Jezero“ на 18 февруари.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by NASA (@nasa)

„Кога Нил Амстронг го зеде првиот примерок од Морето на Спокојот пред 52 години, тој започна процес што го препиша она што човештвото го знаеше за Месечината“, рекол Томас Зурбучен од НАСА. „Во целост очекувам дека првиот примерок на „Perseverance“ од кратерот „Jezero“ и оние што ќе следуваат ќе го сторат истото за Марс. Ние сме на прагот на новата ера на планетарна наука и откривање“.

На Армстронг му биле потребни 3 минути и 35 секунди за да го земе тој прв примерок од Месечината. На „Perseverance“ околу 11 дена бидејќи мора да ги добие своите упатства од стотици милиони милји далечина.

„Не секој примерок што го собира „Perseverance“ ќе биде направен во потрага по антички живот и не очекуваме дека овој прв примерок ќе обезбеди дефинитивен доказ за тоа. Иако карпите лоцирани во оваа геолошка единица не се одлични временски капсули за органски организми, ние веруваме дека постојат од формирањето на кратерот „Jezero“ и се неверојатно вредни за да се пополнат празнините во нашето геолошко разбирање за овој регион – работи што очајно ќе треба да ги знаеме ако пронајдеме дека животот некогаш постоел на Марс“, вели Кен Фарли од „Caltech“.

Клучна цел за мисијата на „Perseverance“ на Марс е астробиологијата, вклучително и потрага по знаци на антички микробиолошки живот. Роверот ќе ја карактеризира геологијата на планетата и климата во минатото, ќе го отвори патот за истражување на Црвената планета од страна на луѓето и ќе ова биде првата мисија со цел да се собере и складира карпа од Марс и „песок“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот