Напуштениот брод кој повеќе од една година низ Атлантикот пловеше без екипаж „уловен“ во Ирска

Фото: AFP / AFP / Profimedia

На својот последен комерцијален пат, Алта заплови во 2018 година, од Грција кон Хаити, но поради проблем со електричните инсталации, беше спуштено сидрото на отворено море, на околу 2100 километри од Бермуда.

Носен од ветровите на бурата Денис, на карпестиот ирски брег на округот Корк, се насука товарниот брод Алта, кој е напуштен и без екипаж.

„Бродот дух“, за повеќе од една година, носен од струите и ветриштата, помина илјадници километри низ Атлантикот, од Бермуда до ирското рибарско село Баликотон.

Насуканиот брод први го забележале ирските рибари и веднаш за тоа ги информирале надлежните служби.

Би-Би-Си ја пренесе изјавата на еден од командирите на спасувачкиот тим дека „Алта е само еден од милионите такви бродови кои напуштени пловат во светските океани“.

Приказната за овој мистериозен брод започна во 1976 година кога првпат е спуштен во светските води.

На својот последен комерцијален пат, Алта заплови во 2018 година, од Грција кон Хаити, но поради проблем со електричните инсталации, беше спуштено сидрото на отворено море, на околу 2100 километри од Бермуда.

Екипажот по 20 дена останал без храна, па тие побарале помош од крабрежната стража која морнарите ги снабдувала со неопходните намирници и други важни залихи.

Меѓутоа, поради најава за доаѓање на голема бура, 10-члениот екипаж експресно е евакуиран и пренесен во Порторико.

Алта така останува напуштен југоисточно до Бермуда, во средината на Атлантикот, делумно оштетен. Потоа, ослободен од сидрото трнува на својата „светска“ пловидба која трае повеќе од една година.

Нови информации за бродот стигнуваат во септември минатата година, кога екипаж на патролен мразокршач на британската кралска морнарица ХМС Протектор, известува дека бродот Алта е воочен во средината на Атлантикот.

Според извештајот на капетанот на британскиот мразокршач, на напуштениот брод му е извршена инспекција и констатирано е дека истиот „може да се поправи, но неговата иднина е во рацете на други“.

Кога Алта, и понатаму носен од струите и ветриштата, конечно поради силата на ураганот Денис стигна до ирските води и се насука на карпестиот брег на округот Корк, директорот на ирската крабрежна стража, Роберт Мекејб за Би-Би-Си рече дека „со бродот ќе се занивата Ирската крабрежна стража доколку се утврди дека тој претставува опасност“.

– Имавме низа на слични инциденти во ирските територијални води и ако нема сопственик, нашата крајбрежна стража секогаш интервернира – посочи Мекејб.

Додаде дека „не е вообичаено бродот да плови без екипаж 18 месеци, но тоа што е забележан само еднаш од октомври 2018 година, покажува колку океанот е огромен“, додаде Мекејб.

Екипата на научници и активистите за заштита на животната средина, утврди дека нема видливи показатели за загадување од бродот.

Сепак, и понатаму не е јасно кој е сопственик на Алта, што пренесувал за време на својата последна пловидба и конечно, кој ја носи последната одлука што следно ќе се случи со мистериозниот брод.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот