Направете Златно млеко – еликсир за долг и здрав живот
Златното млеко има детоксикаторни, антиинфламаторни и прочистувачки својства.
Се нарекува „Голден милк“ (Златно млеко) поради златната боја на напивката. Се заснова на паста од куркума и млеко. Според традицијата, мора да се консумира најмалку 40 дена за да може да има свои ефекти. А, ефектите се неверојатни.
Кои се ефектите од Златното млеко?
Благодарение на присуството на куркумин содржан во куркумата, Златното млеко е многу моќен антиинфламатор, аналгетик и антиоксиданс. Ефикасно делува против остеоартритис, болка во мускулите, менструална болка, главоболка, чир, забоболка.
Има антибактериски и антивирусни својства што го прават особено ефикасна храна за борба против кашлицата и настинките и сите болести кои го погодуваат респираторниот тракт.
Има прочистувачки својства, особено на црниот дроб и лимфниот систем.
Го фаворизира производството на жолчката и последователно го подобрува варењето на храната.
Го контролира холестеролот, помага во зголемување на производството на добар холестерол.
Особено корисно е во диетите, затоа што го забрзува метаболизмот и придонесува за губење на тежината.
Го стимулира имунолошкиот систем со драстично намалување на шансите за заразување од вируси и инфекции.
Како да го подготвите?
Состојки за паста од куркума -Половина чаша куркума во прав, половина чаша вода, половина лажичка црн пипер.
Состојки за подготовка на еликсирот
Чаша млеко од бадем или од соја
Лажичка бадемово масло или масло од тиква
Половина лажичка од пастата од куркума
Половина лажичка цимет
Мед, лажичка, по желба (ако користите бадемово млеко мед нема да ви биде потребно)
Како да се подготви:
За да ја подготвите пастата од куркума, во тенџере, во врела вода, растворете го правот од куркума и мешајте додека се добие паста: Додајте го црниот пипер. Пастата ставете ја во фрижидер, каде може да се чува до 40 дена, препорачан период за лекот да делува.
За да го подготвите еликсирот: загрејте го млекото, додадете лажица масло од бадем, половина лажичка паста од куркума, цимет и, за да го засладите пијалокот, лажичка мед.
Златно млеко е фантастичен пијалок, вкусен за конзумирање и убав за гледање.