Наполи одбил понуда од 30 милиони евра за Елмас

Фото: EPA-EFE/GABRIELE MENIS

Германски Лајпциг според последните информации на медиумите понудил 30 милиони евра за услугите на македонскиот репрезентативец Елиф Елмас, но таа понуда била недоволна Де Лаурентис да му дозволи на македонскиот репрезентативец да си замине.

Во првото коло од Серија А, Елмас како и во најголем дел од минатата сезона влезе од клупата во последните 15-тина минути од средбата. Лајпциг сакаше да го доведе Елмас како замена за Конрад Лајмер и Доминик Собослаи кои се преселија во Баерн и Ливерпул.

Исто така се наведува дека Наполи сака да го продолжи договорот на Елмас кој истекува во 2025 година. Според информациите на медиумите, наводно Елмас засега одбива да стави потпис и преговорите ќе продолжат.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот