Ромелу Лукаку/EPA/MICHELE MARAVIGLIA

Наполи ќе преземе „дисциплинска мерка“ против Ромелу Лукаку откако не се појави на тренинг

Белгискиот фудбалер Ромелу Лукаку одлучи да побара лекување во својата татковина по сопствена иницијатива, што ги разбесни сите во неговиот италијански клуб Наполи.

Лукаку најпрвин објави на социјалните мрежи дека останал во Белгија поради повреда на колкот за да се подложи на дополнителни тестови и да се опорави, и дека никогаш нема да му сврти грб на Наполи.

Но, клубот од Неапол денеска излезе со официјално соопштение дека Лукаку не се појавил на тренинг и дека раководството ќе преземе понатамошни чекори во овој случај.

-Наполи може да потврди дека Ромелу Лукаку не одговорил на денешниот повик да се врати на тренинзите. Клубот го задржува правото да разгледа преземање на соодветни дисциплински мерки, како и да утврди дали играчот ќе продолжи да тренира со тимот на неопределено време – стои во соопштението на италијанскиот клуб.

Во италијанските медиуми веќе се шпекулира за иднината на Лукаку. „Тутоспорт“ открива дека Јувентус наводно започнал преговори за доведување на белгискиот репрезентативец следното лето. Продолжувањето на соработката со српскиот интернационалец Душан Влаховиќ е примарна цел на раководството на „старата дама“, но клубот сака уште една „деветка“ за следната сезона и сега, според нив, е идеална можност да го добијат Лукаку, за чии услуги покажуваа интерес во претходните преодни рокови.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот