Нападнатиот во Карпош со крварење во главата

Фото: Слободен печат

Нападнатото 19-годишно момче во Карпош се здобило со крварење во главата, информираат од Клиничкиот центар, каде попладнево бил примен.

Оттаму пренесуваат дека бил примен околу 18.00 часот и дека е префрлен во клиниката за неврохирургија за понатамошно испитување.

– Околу 18.00 часот денеска е примен пациент кај кого првичниот КТ на мозокот покажал дека имал мал субдурален хематом, по што пациентот е примен на клиниката за неврохирургија за понатамошно испитување – јавуваат од Клиничкиот центар.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот