НАМЕРНО ИЛИ СЛУЧАЈНО: Тамара ја пееше химната во амбасадата на САД и ги изостави Делчев, Груев, Гули и Сандански (ВИДЕО) – Слободен печат
ВестиВи ПрепорачувамеМакедонија

НАМЕРНО ИЛИ СЛУЧАЈНО: Тамара ја пееше химната во амбасадата на САД и ги изостави Делчев, Груев, Гули и Сандански (ВИДЕО)

Ваквиот нејзин потег предизвика бруни реакции во дијаспората, но и  на социјалните мрежи.

Синоќа во амбасадата на САД во Скопје се одржа свечен прием по повод националниот празник на САД, 4 Јули. На приемот присуствуваа претседателот Стево Пендаровски, премиерот Зоран Заев, претставници на Владата, лидерот на опозицијата Христијан Мицкоски, претставници на дипломатскиот кор, бизнисмени…. Нашата поп пејачка ја изведе македонската национална химна, но за време на интонирањето, случајно или намерно, ги изостави  Гоце Делчев, Даме Груев, Питу Гули и Јане Сандански.

Ваквиот нејзин потег предизвика бруни реакции во дијаспората, но и  на социјалните мрежи. Обединетата македонска дијаспора повика на итно изјаснување и извинување од страна на амбасадата на САД во Скопје, Македонија, за неприфатливата грешка при пеењето на химната од Тамара Тодевска за време на приемoт по повод Ден на независноста 4 Јули.

„ОМД цврсто верува дека ова не е грешка, туку намерно, поради некои повици за промена на химната на Македонија (Тиранската платформа) бидејќи Бугарија инсистира на тоа овие историски личности да бидат етикетирани како бугарски во учебниците за историја на Македонија. Бугарија се закани дека ќе го блокира патот на Македонија кон ЕУ ако овие барања не бидат исполнети“, стои во реакцијата.

 

Влада: При изведбата на македонската химна беше направена ненамерна грешка

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Слободен Печат значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени на сајтот.

Тагови

2 Коментари

  1. Дали ова беше ЛГБТ верзијата (боите на облеката) на Македонската химна, или слободен избор што сакам тоа ќе пеам?
    Во сите правни земји за ова се одговара кривично бидејки главни обележја на една држава се Грбот, Знамето и Химната.
    Според тоа на ред е да се види колку е правна оваа држава!!!

  2. Женскава сака да си праи скандал со нашата химна!
    Да привлече уште поголемо внимание за престојниот концерт тоа и е маркетиншки совет;
    Нели забележувате дека е време на скандали;
    Присуството на парадата на гордоста и помина скоро незабележано, никој со прст не мрдна;
    Или втора опција со овој скандал го покрија менувањето на името на АРМ;помина скоро незабележително;
    Се надевам дека на певаљкава и живот нема да и текне веќе да ја пее нашата химна!
    Ако има СРАМ, разбира се…

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close