Најтрофејниот европски тренер Обрадовиќ разочаран од навивачите: Ова нема врска со кошарката

Тренерот на Партизан, Жељко Обрадовиќ/фото: EPA-EFE/GEORGIA PANAGOPOULOU

Црвена звезда вчера славеше со 80:77 во мајсторката од финалето во АБА лигата против Партизан и по шести пат ја освои титулата во регионалното натпреварување, но решавачкиот натпревар помина во сенка на однесувањето на навивачите на „црвено-белите“.

Натпреварот во третата четвртина беше во прекин повеќе од 30-тина минути поради тоа што „Делиите“ со тврди предмети ги гаѓаа судиите кои се повлекоа во соблекувалната. Потоа делегатот одлучи, натпреварот да продолжи по целосното празнење на салата „Александар Николиќ“ (порано Пионир н.з.).

Тренерот на Партизан, Жељко Обрадовиќ по натпреварот и честиташе на Црвена звезда на освоената титула, но рее дека тоа што се случуваше во салата „Александар Николиќ“ нема никаква врска со кошарката и дека правилата мора да бидат исто од првиот ден за да се спречат инциденти како вчерашниот.

– И честитам на Црвена звезда за освојувањето на титулата во околностите во кои се играше натпреварот. Мислам дека на сите им е јасно, тоа се впечатоците кои се најважни, тука почнува и завршува сè. Што одлучи? Во овие услови во кои игравме дали е потребно да зборуваме за кошарка. Одлично доколку мислите дека треба да зборуваме за кошарка. Што мислите, како се чувствуваат играчите кога играат четири натпревари наместо еден. Дали ова има некаква смисла, мислам дека нема. Како вистински спортист, секогаш ќе и честитам на Црвена звезда за титулата, инаку ова нема врска со кошарката, ова е апсолутно нешто друго – рече Обрадовиќ, кој е најтрофеен европски тренер со девет титули во Евролигата.

Тој сепак, најави дека ќе остане во Партизан и следната сезона.

– Кога дојдов во Партизан луѓето ми велеа дека можам да очекувам сè и сешто. Не очекував вакви работи, многу ја сакам работата, многу го сакам Партизан ,така што не гледам причина зошто да не останам – додаде Обрадовиќ.

Револтирани од однесувањето на навивачите се и кошаркарите на Црвена звезда, поточно Лука Митровиќ.

– Веројатно немам доволно време да кажам се што би кажал и што ми лежи на душата. И покрај освоената титула, чувствувам горчина поради работите што се повторуваат секоја година и ова не го зборувам како „звездаш“ или „партизановец“ туку како кошаркар кој ги трпи сиве овие работи. Би сакал да се смени нешто по ова прашање. Вакво играње и празнење на салата на секој натпревар не знам на кого му оди во корист. Гиневме десет месеци за да се избориме за предност на домашен терен и потоа при нерешен резултат во второто полувреме, ние остануваме со празна сала – изјави Митровиќ.

 

Мајсторката во АБА лигата се игра пред празни трибини, „Делиите“ ги гаѓаа судиите

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот