Најпознатата фитнес блогерка Емили Скај се породи на подот во својот дом: Сопругот го забележа целото породување со својот телефон (ФОТО)

инстаграм

Австралиската фитнес блогерка Емили Скај (35) која на Инстаграм ја следат 2,5 милиони луѓе, се породи предвремено по втор пат и тоа во својот дом.

Всушност, Емили го родила синот Исак на подот од дневната соба, додека нејзиниот сопруг Деклан Редмонд ја држел нивната прва ќерка Миа Елис (2) и сето тоа го забележувал со својот телефон.

инстаграм

На последната фотографија која таа ја објави на својот профил, Емили лежи гола на подот додека на себе има само сина маица доејќи го штотуку роденото бебе.

Бебето Исак на сликата е модро, бидејќи е штотуку излезено од стомакот и се уште не избањато.

Најпознатата фитнес блогерка од Квинсленд ја објави среќната вест на Инстаграм и доби многубројни честитки.

инстаграм

„Па, тоа беше неочекувано. Малиот Исак не можеше да дочека да дојде на овој свет“, напишала Емили.

Таа на оваа објава за само 40 минути собра повеќе од 70 илјади лајкови.

„Ќе ја споделам со вас нашата приказна околу породувањето. Бидете спремни, дива е“, додала Емили под објавата.

Погледнете ги фотографиите ТУКА.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот