Најпознатата балканска блогерка: Не ми треба фраер кој ништо не може да купи или плати (ФОТО)

Зорана Јовановиќ – Зоранах, најпознатата српска блогерка која ја обожаваат сите млади на Балканот со својата изјава ја згрози јавноста.

29-годишната инфлуенсерка, која неодамна ја прекина врската со синот на тајкунот Маријан Шариќ, за еден магазин раскажа дека жената мора да заработува помалку од мажот.

„Жената секогаш мора да делува помлаку моќно, помалку да заработува и мажот да и биде главна преокупација, а на него останува таа да посака да биде моќна само за него“, вели Зоранах која ја следат 800 илјади девојки и девојчиња во светот. Откако нејзините изјави поттикнаа бура реакции на социјалните мрежи, таа отиде чекор понатаму..

„Не ми е потребен маж кој заработува помалку од мене и кој со огорчување гледа на секои чевли кои ќе ги купам. Или да кажеме да одам на патување, а тој не, бидејќи јас нема да му ги платам патувањата“, вели Зоранах.

„Да постојат повеќе жени како мене би имало помалку разводи и самохрани мајки“, вели Зоранах.

View this post on Instagram

#tb

A post shared by Zorana Jovanovic (@zorannah) on

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот