Најмодерните сестри во светот се појавија на насловната на „Вог“ во исто време: Бела и Џиџи Хадид испишаа историја во „модната библија“ (ФОТО)

Фото: EPA-EFE/DJ JOHNSON

Едни од најпопуларните манекенки на денешницата, сестрите Џиџи (25) и Бела Хадид (23) се појавија во исто време на две насловни страници на францускиот „Вог“ во изданието мај/јуни 2020 година, што се случува единствен пат во историјата на магазинот.

Всушност, познатите сестри се појавија на дуплата насловна страна на новиот „Вог Париз“.

инстаграм

Нивната публика оддамна ги има прогласено за „најмодерните сестри на светот“ и поради тоа станаа одлични кандидатки за единствениот број на овој магазин, кој важи за „модната библија“.

Зборувајќи за тоа зошто го направиле, уредникот на францускиот „Вог“ Емануел Алт изјавил:

„Во оваа нестабила состојба, каде анксиозноста е зголемена, а непознатото царува, ова издание на „Вог Париз“ слави повеќе од било кога, тоа што го знаеме и сакаме“, напишал тој.

инстаграм

Бела на насловната страница носи бел, проѕирен фустан од пролетната колекција на „Диор“, додека на рацете и на ушите има златен накит и темна „смоуки“ шминка.

Од друга страна, нејзината сестра Џиџи носи златен „Долче и Габана“ Алт Мода фустан со реси од есенската колекција за 2020 година. Изгледот е потполнет со крупен накит и виолетова сенка на очите.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот