Најголемата продажба во историјата на фудбалот: Основачот на „Спотифај“ со 3 милијарди за купување на гигант

epa09155673 Arsenal fans stage a demonstration against the club's owner Stan Kroenke outside the Emirates stadium in London, Britain, 23 April 2021. EPA-EFE/FACUNDO ARRIZABALAGA

Од минатонеделното фијаско со Суперлигата, сопствениците на Арсенал со денови беа под постојан притисок да го продадат клубот и да ги напуштат Емирати.

Дури и минатиот петок навивачите протестираа пред натпреварот со Евертон, но нема напредок.

Стен Кроенке и неговиот син Џош повторуваат дека немаат намера да го напуштат клубот кој го водат од 2008 година, иако во меѓувреме се појави сериозен купувач со намера да купи мнозински пакет акции.

Станува збор за Даниел Ек, шведски милијардер од Стокхолм, претседател и ко-сопственик на музичката платформа „Спотифај“, кој е подготвен да влезе во трката за купување на Арсенал.

Ек е познат како страствен навивач на Арсенал кој дури ги гледа натпреварите на клубот на својот лаптоп додека бил на состаноци, а за купувањето на „топџиите“ ја доби поддршката од легендите на клубот – Тиери Анри, Денис Бергкамп и Патрик Виеира.

Фото: EPA-EFE/Rui Vieira/POOL

Швеѓанецот оваа среда откри дека „ја затворил финансиската конструкција“ и обезбедил пари за преземање на Арсенал и дека наскоро ќе им претстави „многу примамлива“ понуда на Стен и Џош Кроенке.

Фановите на Арсенал се надеваат дека Кроенке би можел да слушне што му нуди Ек, но прашање е колку Швеѓанецот „може да лета“. Имено, според независните проценки, вредноста на Арсенал е околу 2 милијарди фунти, додека „бараната цена“ би изнесувала дури 3 милијарди.

Друг проблем за Ек е што неговото лично богатство се проценува на близу 4 милијарди фунти, па тој би морал да го продаде својот удел во „Спотифај“, што го има со цел за го обезбеди финансирањето.

Интересно е и тоа што самиот Стен Кроенке е двојно побогат од Ек, бидејќи неговото лично богатство се проценува на над 8 милијарди долари, додека неговата сопруга Ен Волтон Кроенке е наследничка на „Валмарт“, што се проценува на 9 милијарди долари. Значи, тие немаат финансиски проблеми…

Фото: EPA-EFE/FACUNDO ARRIZABALAGA

Сепак, неколку дена се решавачки за Арсенал. Даниел Ек е секако најприфатливата опција за сите навивачи, многу повеќе од Кроенке, но повторно, тоа не мора да значи дека тој ќе стане новиот сопственик на тимот од Емирати.

Доколку предлогот помине, тоа ќе биде најголемата продажба на фудбалски клуб во историјата на фудбалот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот