Анри, Бергкамп и Виера го враќаат Арсенал на старите добри патеки!?

epa03054861 Arsenal's Thierry Henry celebrates after their English FA Cup soccer match at Emirates Stadium in London, Britain, on 09 January 2012. EPA/KERIM OKTEN DataCo terms and conditions apply. http//www.epa.eu/downloads/DataCo-TCs.pdf

Стен Кроенке со години е омразена личност во очите на навивачите на Арсенал. Последниот обид за револт во клубот и влез во Европската Суперлига само ја продлабочи таа омраза.

Не се дојде до елитното натпреварување, навивачите на Арсенал со денови протестираа пред стадионот. Покрај идејата за заминување, клубот со сезони бележи резултати под очекувањата. Така е и оваа година, Арсенал е моментно на 10 место во Премиер лигата, а им следува полуфинале од Лигата на Европа, каде ќе играат против Виљареал на поранешниот менаџер на „топџиите“, Унаи Емери.

Кроенке е мнозински сопственик на Арсенал од 2011 година, a тоа наскоро може да се промени, на задоволство на навивачите.

Англискиот „Телеграф“ наведува дека Даниел Ек, основачот на „Спотифај“ и милијардер, е заинтересиран да го преземе англискиот клуб.

Богатството на Швеѓанецот се проценува на над 3,4 милијарди, додека апликацијата „Спотифај“ е проценета на 51,9 милијарди фунти. Ек исто така би имал голема предност доколку испрати официјална понуда.

Ек, наводно, соработува со Тјери Анри, Денис Бергкамп и Патрик Виера. Триото на тој начин би се вратил во клубот во чии бои беа „непобедливи“ во сезоната 2003/2004 кога ја освоија титулата со Арсенал без ниту еден пораз во лигата. Тие би заземале важни позиции во бордот на директори, што многу би ги израдувало навивачите.

Сето ова доаѓа неколку дена по објавата на Џош Кроенке, директорот на клубот, дека Арсенал не е на продажба. Се верува дека продолжувањето на протестите пред „Емирати“ може да ја промени таа одлука.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот