Најголемата епидемија на колера што го погоди Малави во последните две децении однесе 750 животи

Најголемата епидемија на колера што го погоди Малави во последните две децении однесе 750 животи, рече министерката за здравство на земјата, додека шефот на Светската здравствена организација ја опиша оваа југоисточна африканска земја како една од најтешко погодените во услови на тековни глобални епидемии кои се „пораспространети и посмртоносни од нормалните”.

Министерката за здравство на Малави, Хумбизе Кандодо Чипонда нареди затворање на многу фирми на кои им недостига чиста вода, тоалети и хигиенски објекти за отстранување отпад и најави ограничувања за продажба на готова храна.

-Продолжуваме да бележиме зголемен број случаи низ целата земја, и покрај знаците за намалена трансмисија и смртни случаи во неколку области, се вели во соопштението на Чипонда, која повика на почитување на санитарните и хигиенските мерки.

Чипонда во средата рече дека 17 лица починале од 589 нови случаи „во последните 24 часа”. Таа додаде дека во Малави се регистрирани 22.759 случаи од почетокот на епидемијата во март минатата година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот