Најдобрите македонски кошаркари на чекор од главните квалификации за СП 2023

македонска кошаркарска репрезентација
Двапати бевме поразени во февруари од Грузија/Фото: kfsm.mk

Македонската кошаркарска сениорска репрезентација ја оствари и втората победа во претквалификациите за пласман на Светското првенство против Швајцарија во СЦ „Јане Сандански“ – Скопје со резултат 67:61.

На тој начин избраниците на селекторот Драган Бајиќ им се реваншираа на Швајцарците за стартниот пораз од 67:62.

Воедно со овој триумф Македонија се најде на чекор од главните квалификации за учество на следниот Мундобаскет во 2023 година.

Најефикасни во денешната победа во нашата селекција беа Мекиќ со 16 поени, а еден помалку запиша Трајковски.

По три одиграни натпревари, сега имаме учинок 2-1, на првото место Швајцарија има 1-2, а Словачка (1-1) и две неодиграни средби на „балонот“.

Утре од 19.00 часот, ќе играат селекциите на Словачка и Швајцарија, додека на 18 август (среда), Македонија го затвора турнирот против Словаците во истиот термин.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот