Најдобриот тенисер на планетата се врати во Белград! (ВИДЕО)

twitter.com/standardsport

Популарниот Ноле е подготвен да ја започне регионалната турнеја која според најавите ќе трае до 5 јули…

Првиот светски рекет пристигна денеска пристигна во српскиот главен град. Новак Ѓоковиќ за време на пандемијата на коронавирус се наоѓаше во Марбеља (Шпанија), каде неодамна повторно започна да тренира.

Набргу по пристигнувањето во Белград, тој тренираше на своите терени во Дорчол.

Популарниот Ноле, кој наполни 33 години во петокот, меѓу другото во Белград ќе настапи на турнирот „Адриа Тур“ во својата организација. Овие мечеви ќе се организираат со цел да се поддржат хуманитарните проекти низ регионот.

После тоа, ќе отпатува за Хрватска (Задар), Црна Гора и Босна и Херцеговина (Бања Лука) за да ја продолжи турнејата.

Регионалниот турнир ќе се игра до 5 јули (најавен егзибициски меч со Дамир Џумхур во Сараево, БиХ), а учеството го потврдија и уште неколку познати тениски имиња како Доминик Тим и Григор Димитров.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот