Најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ поднесе документација и барање за влез во САД

фото: EPA-EFE/JUSTIN LANE

Првиот светски рекет Новак Ѓоковиќ поднел документација и аплицирал за посебна дозвола за влез во САД за да игра на Мастерс турнирите во Индијан Велс и Мајами, изјави за Танјуг неговиот брат Ѓорѓе Ѓоковиќ.

Во моментов Ѓоковиќ не може да влезе во Соединетите Американски Држави поради правилата со кои се забранува влез на невакцинирани странци, но српскиот ас прави сè за да биде на претстојните турнири.

– Тоа е нешто што за жал не е во наши раце, Новак мора да добие посебна дозвола, со оглед на тоа што САД сè уште не дозволуваат влез на невакцинирани луѓе, што е едноставно неверојатно бидејќи целиот свет е отворен и спортски настани низ светот се одржуваат со вакцинирани и невакцинирани спортисти. Остануваат уште само неколку дена до одлуката и ни останува само да се надеваме на позитивен исход – вели Ѓорѓе Ѓоковиќ.

Братот на најдобриот светски тенисер додаде дека сите во семејството се горди на начинот на кој Новак ја освои 10 титула во Мелбурн и покрај сите проблеми во последните година и пол.

Ноле веќе полека почнал да тренира и дека се надева дека оваа година ќе освои што повеќе титули, без разлика дали ќе игра во САД.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот