Најдобар и надвор од теренот: Ѓоковиќ повторно го одушеви светот! (ВИДЕО)

Фото: EPA-EFE/IAN LANGSDON

Првиот тенисер во светот Новак Ѓоковиќ дојде во српскиот главен град Белград и повторно ги воодушеви сограѓаните и фановите.

На почетокот на годината, првиот светски рекет играше тенис со децата пред зградата во која живее, како целиот нормален свет, како да не е еден од најдобрите во историјата на белиот спорт.

Сега тој направи нешто слично. Ноле го однесе кучето на прошетка, а потоа се дружеше со мали деца и се понуди да им одржи часови по тенис.

На радоста на децата од приликата да ги научат основните потези и движења од најдобриот тенисер во светот и немаше крај, но задоволство и воодушевување не криеја ниту повозрасните кои се затекнаа во моментот.

Еден од случајните минувачи беше Адам Таталовиќ, член на стручниот штаб на српската кошаркарска репрезентација:

– Не честопати гледате како „број 1“ од светскиот тенис дава часови на деца во соседството додека го шета своето куче низ Белград. Новак Ѓоковиќ е апсолутно фасцинантна личност, во и надвор од теренот – напиша Таталовиќ.

Ѓоковиќ нема да може да ја брани титулата на Австралија Опен?

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот