СЕКОЈА ЧЕСТ: Ѓоковиќ пред зграда во Белград игра тенис! (ВИДЕО)

принтскрин/youtube

Уште еднаш покажа дека ништо не му е тешко. Првиот светски рекет Новак Ѓоковиќ одлучи со соседите да одигра партија тенис.

Новак Ѓоковиќ е голем тенисер, испиша многу страници во историјата на овој спорт, но тоа што посебно одешевува е секако начинот на кој српскиот ас се однесува кога не е на професионалните терени.

Ноле пристигна во Белград. После освојувањето на „Австралија опен“ во Мелбурн, настапот на „Санремо“, Ѓоковиќ е повторно во Србија.

Уште еднаш покажа дека ништо не му е тешко. Излезе пред зграда и со млади лица, односно соседите одигра партија тенис.

Ѓоковиќ има свој стан во Нови Београд, а според најавите светскиот број еден во вторник во 16.00 часот ќе разговара со претставниците на медиумите во Тенискиот центар „Новак“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот