НАЈБРУТАЛНО ВРСНИЧКО НАСИЛСТВО ВО СРБИЈА: На син ми му скршија рака затоа што не сакал да се тепа!

Последна жртва на до сега најбруталното, врсничко насилство во Србија е момчето С.К. ученик од шесто одделение на училиштето „Бранко Радичевиќ“ во Голема Моштаница, кој завчера завршил на клиника заради скршена рака!

Неговата мајка Д.К. вели дека го нашла со раскрварено лице, изгребан и со видно отечена рака, а причина за тоа е како што вели дека нејзиниот син одбил да се тепа!

Него го тепал ученикот У.Ј. (13), а целиот случај со телефон го снимале деца, кои навивале. Мајката освен на директорот на училиштето случајот го пријавила и во полиција во Железник.

Момчето е во шок, депресивно е и раката многу го боли, а ја моли мајка му да го префрли во друго училиште.

Драмата почнала завчера кога синот и се јавил: „Мамо мислам дека ја скршив раката, те молам дојди од работа“.

„Ми се отсекоа нозете и како без душа трчав од работа. Го начекав раскрварен, му течеше крв од нос, синот ми раскажа дека за време на големиот одмор му се обратил ученикот У.Ј. кој потоа му удрил шамар и побегнал. На следниот мал одмор истиот му пришол и му рекол дека ќе го претепа по школо. По излегувањето од школскиот двор мојот син го видел У.Ј и многу други деца, а тој го повикал да се тепа. Мојот син одбил и се обидел да избега. Тогаш У.Ј го удрил, моето дете се обидело да избега, но насилникот го стигнал и го турнал на земја. Тогаш детето удрило со лице на земјата и ја повредило раката“, раскажува мајката покажувајќи медицинска документација.

Таа додава дека насобраните деца сето тоа го снимале на телефони.

„Во болница го прегледаа мојот син, утврдија повреда на рачниот зглоб и му ставија лонгета. Кажаа дека ако раката почнува да отекува, веднаш да се јавиме во болница. Потоа отидов со така повредениот син право кај родителите на детето У.Ј. Тие беа видно изненадени и очајни. Тогаш У.Ј рече дека морал да го тепа син ми затоа што постарите ученици му се заканиле ако не го направи тоа тогаш и него и мојот син заедно ќе јадат ќотек“, го опишува хоророт мајката на повреденото дете.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот