Наградени првенците на генерација во општина Аеродром

Пофалници и еднократна парична награда во висина од 10.000 денари денеска на осумте најдобри ученици од основните училишта од општината за учебната 2018/2019 година им додели градоначалникот на Општина Аеродром, Златко Марин.

Овие ученици во изминатата учебна година беа прогласени за првенци на генерација, со што успешно го завршија образовниот процес во училиштата на територијата на Општина Аеродром и веќе го почнаа средношколското образование.

Наградени се учениците: Филип Гавриловски од ООУ „Љубен Лапе“, Јован Парлапанов од ООУ „Браќа Миладиновци“, Нора Таскова од ООУ „Блаже Конески“, Мила Николовска од ООУ „Гоце Делчев“, Мартина Ивановска од ООУ „Димитар Македонски“, Андреа Ѓореска ООУ „Ѓорѓија Пулевски“, Мила Спасевска од ООУ „Лазо Ангеловска“ и Давид Ставров од ООУ „Александар Македонски“.

Општина Аеродром за прв пат од своето постоење ја воведе оваа парична награда со цел да се стимулира талентот на учениците и да се мотивираат за постигнување уште поголеми успеси.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот