Нафтена индустрија Србија ФОТО/Принтскрин Н1

Нафтената индустрија на Србија ги подготвува вработените ако биде прогласена вонредна состојба во земјата

Вработените во Нафтената индустрија на Србија денеска, на крајот од работното време, преку интерната мрежа добија известување дека компанијата е должна да обезбеди „предуслови за спроведување на работните обврски доколку се прогласи вонредна или воена состојба“, пренесува Н1 телевизија.

Според известувањето доставено до агенцијата Бета од вработените во компанијата, под услов на анонимност, НИС ги информирал своите вработени дека во согласност со законските прописи и Одлуката на Владата на Република Србија, компанијата „е признаена како голем технички систем од значење за одбраната на земјата во областа на енергетиката“.

„Оваа мерка е дел од превентивните активности и не значи дека се очекува вонредна или воена состојба, туку служи исклучиво за целите на почитување на законските прописи“, се наведува во писмото.

По резултатите од редовната ревизија на усогласеноста на компанијата со законските обврски, како дел од потребните активности, дефинирана е обврската на компанијата да издава и доставува соопштенија за распоредување до вработените кои подлежат на работни обврски според закон, се наведува понатаму во известувањето на менаџментот.

„Вработените ќе ги добиваат соопштенијата преку рецепцијата и по потпишувањето на соопштението, вработените се должни да ги достават до рецепцијата најдоцна до 15 ноември 2025 година. Со потпишувањето на соопштението, вработените потврдуваат дека се информирани дека во случај на вонредна или воена состојба, ќе продолжат да ги извршуваат своите редовни работни задачи во рамките на Компанијата“, се прецизира во ова известување до вработените.

„Во согласност со обврските на компанијата дефинирани со законските прописи, само во случај на воена или вонредна состојба, компанијата дополнително ќе доставува одлуки до вработените, со кои се дефинираат работните обврски на вработените за време на воена или вонредна состојба“, се додава.

Српската нафтена индустрија е во мнозинска сопственост на Русија. Газпромнефт има 44,85 проценти удел, а Газпром има 11,3 проценти од акциите на НИС. Република Србија е малцински сопственик, со 29,87 проценти удел.

На крајот на јули, Министерството за финансии на Соединетите Американски Држави ги одложи санкциите врз Српската нафтена индустрија за уште еден месец.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот