Наде Молеровиќ: Нашето образование не ги следи модерните трендови

„Има некакви активности како деновите на медиумска писменост, но тоа не е доволно. Ние мора да направиме критички граѓани. Мислам дека за жал училиштата ја немаат повеќе онаа функција за која биле наменети во 19 и 20 век, затоа гледам да менувам што е можно повеќе“ смета директорката на ОУ „Гоце Делчев“.

Директорката на основното училиште „Гоце Делчев“ во Скопје, Наде Молеровиќ, во своето гостување во „Утрински брифинг“ на „Слободен печат вели дека работата ја прави среќна и исполнета.

– На секојдневните грижи одговарам со насмевка и постојано барам работи кои можам да ги променам и да ги направам подобри. Не правам било што, само она што го сакам. Тренинг е да не се нервирате, секако ме допираат несреќи и страдања, но ако можам нешто да променам го правам тоа – вели таа.

Молеровиќ додава дека нашето образование не ги следи модерните трендови во тоа како да им се помогне на младите да ги читаат и прифаќаат информациите, што е она што треба да го резонираат и на кој начин да го пренесат тоа што го прочитале.

– Има некакви активности како деновите на медиумска писменост, но тоа не е доволно. Ние мора да направиме критички граѓани. Мислам дека за жал училиштата ја немаат повеќе онаа функција за која биле наменети во 19 и 20 век, затоа гледам да менувам што е можно повеќе – смета директорката на ОУ „Гоце Делчев“.

Додава дека не ги учи децата за непотребните информации кои само се меморизираат, бидејќи сака децата да ги подготви за еден свет во кој таквите информации не само што нема да им користат, туку може да им наштетат оти не ги научиле основите.

Протестот на средношколците го оцени како добра работа и будење на свеста на младите, бидејќи токму такви карактерни особини треба да имаат младите на таа возраст.

– Тажно е што дел од децата тоа го искористија само за да не одат во школо. Во образованието треба многу да се менува, а за да предизвикам емпатија кај моите наставници им го поставувам прашањето: Какви наставници сакате да ги учат вашите деца? – констатира таа.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот