Надал останува во Европа, не игра на УС Опен?!

твитер

Шпанскиот тенисер се чини дека нема намера да ја напушта Европа и ќе игра на турните на земја наместо на грен слем турнирот во САД.

Рафаел Надал навести дека кога ќе продолжи тениската сезона тој нема да игра на УС Опен. Шпанецот на својот официјален Твитер профил потврди дека ќе учествува на Мастерсот во Мадрид кој треба да започне само еден ден по завршувањето на УС Опен.

Прво директорот на турнирот во Мадрид, Фелисијано Лопез преку Твитер потврди дека Надал ќе игра на Мастерсот, а потоа и Рафа го изрази задоволството што ќе биде дел од овој турнир.

Стартот на турнирот во Мадрид е закажан за 14. септември, додека УС Опен ќе се игра од 31. август до 13. септември со што е јасно дека Надал нема да игра во Њујорк.

Шпанецот планира да остане во Европа и да игра на сите важни турнири на земја, по Мадрид следи Мастерсот во Рим за кој го потврди учеството и тоа ќе му биде генерална подготовка за Ролан Гарос кој треба да се игра од 27. септември до 11. октомври.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот