Над еден килограм марихуана пронајдени во дом во Скопје

Речиси 45,1 отсто од оперативните сознанија што дошле до македонската полиција во текот на 2021 година се однесуваат на недозволена трговија со марихуана, па затоа најзастапена е заплената на марихуаната.

Основното јавно обвинителство Скопје донесе наредба за спроведување истражна постапка против 28-годишен скопјанец за кривично дело неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги.

При претрес во домот на осомничениот на улицата „Кленоец“, на 17 ноември, биле пронајдени 15 стаклени тегли и една зипер-ќесичка со вкупно 1.017 грама марихуана. Притоа биле пронајдени и повеќе дигитални ваги со остатоци од дрога.

Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка притвор за осомниченото лице, поради опасност од бегство, можност за влијание врз сведоци и можност да го повтори делото.​​

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот