Националната платформа падна на првиот тест

Фото: Драган Митрески - Слободен печат

Учениците ширум земјава од денеска започнаа со тестирање на Националната платформа за далечинско учење, откако викендов им беа доделени лозинки со кои им е овозможен пристап до неа.

Платформата падна на првиот тест, откако повеќе родители и ученици денеска не можеа да се најават на неа.

Од Министерството за образование и наука смируваат, односно велат дека тоа е дел од тестирањето и станува збор само за моментални проблеми со поврзувањето на платформата.

– Тестирањето е дел од постапката за постигнување на целосна функционалност на платформата, и во тест фазата се детектираат и надминуваат сите предизвици. Со цел да обезбедиме потполно функционална платформа до почетокот на учебната година тестирањата продолжуваат и во наредните денови – велат од МОН. 

Денеска и утре се очекува сите ученици ширум земјава да ја тестираат Националната платформа, со цел да се види нејзината издржливост пред стартот на новата учебна година која започнува во четврток.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот