Национален натпревар за Европскиот квиз на парите: Пријавени 174 одделенија од 72 основни и средни училишта

За учество на националниот натпревар во рамки на Европскиот квиз на парите, чија цел е финансиска едукација на учениците од 13 до 15 години, оваа година се пријавени 174 одделенија, односно класови од 72 основни и средни училишта од нашата земја.

Националниот натпревар ќе се одржи на 24 март, кога ќе бидат познати двајца ученици кои ќе ја  претставуваат нашата земја на финалето.

Квизот е проект на Европската банкарска федерација и има за цел да ги поттикне училиштата и наставниот кадар во Европа повеќе да вложуваат во финансиската едукација на младите.

Нашата земја по третпат е дел од овој проект, во организација на Македонската банкарска асоцијација (МБА), во соработка со Народната банка и Комисијата за хартии од вредност и со поддршка од Министерството за финансии и Министерството за образование и наука.

Минатите две години, македонските претставници беа европски вицешампиони.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот