4 C
Скопје

Национал: Јоца Амстердам проговори, зад убиството на Пуканиќ стои Мило Ѓукановиќ

Хрватски Национал во новиот број пишува дека поседуваат снимка од телефонски разговор во која Сретен Коциќ наречен Јоца Амстердам наводно зборува за улогата на Мило Ѓукановиќ во убиството на Иво Пуканиќ. На снимката, пишува Национал, Јоца Амстердам објаснува зошто претходно не го посочил Ѓукановиќ.

„Ексклузивно: 12 години по убиството на Иво Пуканиќ изненадувачки се појави аудиоснимка од затвор која укажува на нарачателите на атентатот“.

Јоца Амстердам, неосудениот организатор на атентатот на Пуканиќ првпат укажа на нарачател. Тоа е Мило Ѓукановиќ“, пишува на насловната на новиот Национал.

Станува збор за снимен разговор, кој, како што пишува Национал, е воден во сосема друг контекст. Во него во еден момент Јоца Амстердам, кој се уште е во затвор, наводно контатира дека можел да биде слободен човеч ако проговори за улогата на црногорскиот претседател во оваа приказна.

Прочитајте и...  Девет нови случаи на ковид-19 во Кина, седум се од странство

Пред неколку дена се навршија 12 години од смртта на еден од главните луѓе на Национал Иво Пуканиќ и Нико Фрањиќ. Вечерта на 23 октомври 2008 година на паркингот во дворот на зградата на аголот на улиците Палмотиќева и Стара Влашка во Загреб експлодираше мотоцикл оставен покрај автомобилот.

Полицијата врши увид на местото на убиството на сопствениокот на Национал Иво Пуканиќ и неговиот соработник/ Загреб, Хрватска/ 23 October 2008 Фото: EPA/STR

Сторителите брзо се пронајдени, уапсени и осудени. Нарачателите на убиството до ден денеска се непознати.

Поврзани вести

ВИДЕО I Заев: Конвенцијата на ОН за правата на лицата со попреченост се имплементира со силно темпо, продолжуваме според принципот „ништо за нив – без нив”

Слободен печат

Градоначалникот на Лос Анџелес им нареди на жителите да останат во домовите поради ковид-19

Слободен печат

Пожар во болница во Москва: Најмалку две лица загинаа, повеќе од 20 се евакуирани

Слободен печат

АМСМ: Сообраќајот по наместа влажни коловози

Слободен печат

Полициска операција во Рим, уапсени се 28 членови на криминална организација

Слободен печат

Силен земјотрес во Турција

Слободен печат

Остави Коментар