Нацрт-резолуција доставена до СЗО: Израел да ги заштити хуманитарните екипи во Газа

СЗО/ Фото Архива на Слободен печат

Седумнаесет земји членки и Палестина, која има посебен статус во рамките на Светската здравствена организација (СЗО), доставија до организацијата нацрт-резолуција со која бараат Израел да ги почитува своите обврски кога станува збор за заштита на медицинските и хуманитарни тимови во Појасот Газа.

Нацрт-резолуцијата го повикува Израел да „обезбеди почит и заштита за сите медицински и хуманитарни работници и апелира до меѓународната заедница да обезбеди доволно финансиски средства за реконструкција на здравствениот систем во Газа, пренесуваат палестинските медиуми.

Нацрт-резолуцијата укажува и на ризиците од присуството на илјадници тела кои се уште под урнатините, како и лошите хигиенски услови и пренатрупаноста во засолништата во Појасот Газа.

Меѓу земјите кои ја доставија нацрт-резолуцијата до СЗО се земјите од Блискиот Исток  како и Кина и Боливија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот